Пожарот што избувна ноќеска во 03:40 часот во кафе бар на призмјето од зградата на Градскиот пазар, оштетени се и простории на горниот кат, информира СВР Охрид.
Пожарот се проширил на неколку апартмани на горниот кат, стои во соопштението.
На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид со две возила и шест пожарникари кои го изгаснале пожарот и спречиле тој да се прошири на околните објекти.
Г.М.