Во струшката Полициската станица, на 20-ти март било пријавено дека настанал пожар на нива лоцирана во близина на селото Мороишта, при што опожарени биле четири плевни и една куќа.
- Во пожарот целосно изгореле над 10000 квадратни метри нискостеблеста вегетација, кабли од електрични столбови, земјоделски алати, покуќнина и други предмети. Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Вчера, на местото на пожарот, извршен е увид предводен од надлежен Јавен обвинител. Полициската станица од Струга презема мерки за расчистување на случајот.
OhridNews