Најмалку 17 луѓе ги загубиле животите, денес утрото во пожар во складиште во североисточниот дел на руската престолнина Москва, објавија властите. Уште три лица се хоспитализирани во тешка состојба, а сите настрадани се државјани од поранешните советски републики кои привремено работеле во Москва.
Пожарникарите пристигнале во шест часот наутро за да го изгасат пожарот кој избувнал во складиште во индустрискиот дел на руската престолнина, и на четвртиот кат од објектот кој бил претворен во колективна соба за спиење пронашле 16 тела и четворица во тешка состојба. Подоцна во болница една жена починала.
Полицијата на Москва разгледува неколку верзии за инцидентот, како експлозија на гас од домаќинството, технички или други. Прелиминарната истрага покажува дека причина за трагедијата најверојатно е краток спој на електричната инсталација.
OhridNews
извор Макфакс