Во потрага по сензационализам одрени медиуми пренесувајќи чаршиски муабети денеска пласираа информации за наводно бегство на осомничен за убиството на уличниот продавач на девизи Трајче Цоцески, а кој е под истрага за уште неколку други убиства.
За СВР Охрид таквите информации се штетна конструкција која освен вознемиреност кај граѓаните и семејствата на жртвите не придонесува кон ништо дуго. Одредени медиуми повикувајќчи се на наводни чаршиски муабети шпекулираа дека наводно осомничениот убиец побегнал за време на реконструкцијата на случај за кој се товари. СВР Охрид екеспресно ги отфрли ваквите дезинфорнмации. Оттаму не информираа дека осомничениот е во притвор во охридскиот затвор и дека со него денеска се извршени повеќе информативни разговори.
ohridnews