Британката Клер Симонс која има 33 години веќе 31 година јаде само пица со кашкавал и кечап. Та не памти дека во својот живот јадела нешто друго освен пица, а други видови храна одбивала да јаде. Лекарите ја предупредиле дека доколку продолжи вака може да умре, бидејќи и се заканувал срцев или мозочен удар.


Изјавила дека таа се плаши од зеленчук и овошје, а здравјето го одржувала така што пиела многу вода и вежбала. Меѓутоа, лекарите ја предупредувале од можните здравствени проблеми поради недоволното внесување на витамини и минерали. Таа својот режим на исхрана го сфаќа како медицински проблем.