Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 29.07 до 31.07.2022) направени се 2.631 тестови, а регистрирани се 1.171 нов случај со КОВИД-19, тројца починати од Скопје на возраст од 75, 80 и 83 години и 1.390 оздравени пациенти. Трите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 1.171 нов случај од Скопје се 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60, Охрид – 51, Гостивар – 49, Велес – 43, Тетово – 32, Штип и Струга – по 29, Струмица – 28, Кичево – 23, Гевгелија – 18, Неготино – 15, Ресен – 14, Кочани – 13, Радовиш – 11, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Валандово – по 6, Виница и Демир Хисар – по 5, Богданци – 3, Берово, Кратово и Крушево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.
Од 1.390 оздравени пациенти од Охрид се 13. Во моментов во Охрид активни се 308 случаи.
Од вкупниот број на позитивни (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.
OhridNews