Во Охрид во моментов евидентирани се вкупно 190 заболени од грип. Како што информираат од Центарот за јавно здравје најголем пораст имало минатата недела, кога медицинска помош побарале 40 граѓани.
Станува збор за грип од типот Б, кој се манифестира со висока температура и до 40 степени, главоболка, болки во мускулите, течење на нос, воспаление на уво. Интересно е што најголемиот број заболени се од младата популација.
– Најголемиот број заболени се млади луѓе, причината е тоа што со сезонското вакцинирање кое се вршеше кон крајот на минатата година се изврши заштита од овој тип грип на оние кои ги примија вакцините, а тоа претежно се постари луѓе, велат од Центарот за јавно здравје.
Оттаму со препораки до родителите чии деца се заболени да не ги носат на учлиште или во градинка со цел да не се шири заразата. Препорачуваат редовно проветрување на просториите, и вршење дезинфекција пред се на играчките во градинките.
Т.К.