Проценетата вредност на објектите изнесува 3 268 662 илјади денари, што е за 207.5% повеќе во однос на истиот период претходната година.
Инаку 202 (88.6%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба на градежни објекти се наменети за објекти од високоградба, 7 (3.1%) за објекти од нискоградба и 19 (8.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 228 објекти, во 194 (85.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 34 објекти (14.9%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период издадени се употреби на 428 станови, со вкупна површина од 36 248м2.