Метеоролошките станици за неделава предвидуваат нови дождови, пренесе Хина.
Најмалку 86 лица се сметаат за исчезнати во поплавите и лизгање на земјиштето, а повеќе од милион жители се евакуирани, пренесува државната телевизија.Претходните податоци покажуваа дека бројот на загинати е 88 лица.
Обилните дождови ги уништија имотите, го прекинаа одвивањето на телекомуникациската мрежа и присилно евакуираа милиони лица, според податоците на министерството за граѓански работи. Најпогодени се провинциите Фујиан, Јиангхи, Хунан, Гуангдонг, Сичуан и Гуизхоу. Штетата се проценува на 10 милиони јуани(1,47 милиони долари).
Извор:Макфакс