Во понеделник на 29-ти јуни 2015 година ќе започне вториот уписен рок во средните училишта во Охрид за учебната 2015/2016 година. Освен во понеделник, полуматурантите кои до сега не одлучиле каде ќе го продолжат своето средно образование ќе може да се пријават и вторник на 30-ти јуни 2015 година. Резултатите од уписите во вториот уписен рок ќе бидат објавени на 1-ви јули 2015 година.
Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок ќе биде на 24-ти август, а резултатите и слободните места ќе бидат објавени наредниот ден. Училиштата кои во двата уписни рока не ги пополниле утврдените ученички места за запишување, ќе продолжат да запишуваат ученици до 27-ми август 2015.
Инаку според објавениот оглас за запишување во средно образование во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година ќе можат да се запишат вкупно 272 ученици во осум паралелки.
Во СОСУ „ Св. Кирил и Методиј“ беа отворени 170 слободни места, од кои 136 во економско- правна и трговска струка и 34 во здравствена струка.
Во ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ слободни беа достапни вкупно 432 слободни места. Во машинска струка можат да се запишат 102 ученици, во електро- техничка 228, лични услуги 34 и во сообраќајна струка 68 ученици.
Во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ во прва година, угостителско- туристичка струка можат да се запишат 272 ученици.
OhridNews