Со целовечерен концерт на македонскиот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во понеделник на 6-ти јуни на сцената на Долни Сарај ќе биде свечено отворено 54- то издание на „Балканскиот фестивал“.
Фестивалот кој и годинава се одржува со поддршка од Министерството за култура и под покровителство на собранието на Република Македонија, ќе го отвори претседателот на собранието, Трајко Вељаноски.
Според петдневната фестивалска програма на 7-ми јули љубителите на фолклорот ќе имаат можност да ги погледнат настапите на Ансамблот „Шиљаковина“ од Нова Горица, Хрватска и Ансамблот „Истанбул – Кадикој“ од Турција.
На 8-ми јули на фестивалската сцена ќе настапат Ансамблот „Лани“ од Познан, Полска , Ансамблот „Македонка“ од Торонто, Канада и Ансамблот „Вила“ од Нови Сад , Србија. На 9-ти јули пред охридската публика ќе се претстават КУД ,„Копачка“ од село Драмче, Македонија и Ансамблот „,Бартина,“ од Сегзард , Унгарија.
На 10-ти јули во петок, на сцената на Долни Сарај ќе настапат Ансамблот „Дримкол“ од Вевчани, Ансамблот од Кирениа, Турската Република Северен Кипар и КУД „Гердан” од Охрид. Во рамки на свеченото затварање на фестивалот на 11-јули ќе настапат Ансамблот „Софија 6“ од Софија , Бугарија и Ансамбот „Отексфолк“ од Охрид.
Сите фестивалските вечери ќе започнуваат во 21 часот, влезот е бесплатен.
OhridNews