Во понеделник, 30 септември, ќе се одржат 45-тата и 46-тата Седница на совет на Општина Охрид со почеток во 9 и во 10:30 часот.

На првата седница на дневен ред се советнички прашања, додека на втората советниците ќе расправаат по 47 точки.

Меѓу нив предлог-решенија за избор на заменик-претседател во Комисија за месна самоуправа, на заменик-претседател во Комисија за урбанизам, на заменик-претседател во Комисија за туризам и локален економски развој, член во Комисија за општествени дејности, член во Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.

Советниците ќе расправаат и за разрешување член во Управниот одбор на ЈП „Водовод“ – Охрид, давање согласност на измени на годишниот план за вработување на Општина Охрид за 2024 година, давање согласност на одлуката за измена на годишниот план за вработување за 2024 година на ЈП „Водовод“ – Охрид, воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Охрид и Општина Ресен и точки кои се однесуваат на урбанистичко плански документации.

OhridNews