Делегација од кинескиот град Далиан во понеделник ќе го посети Охрид, како потврда за воспоставените добри и пријателски односи. Посетата е во функција на продлабочување на соработката помеѓу двата збратимени градови и тоа во областа на стопанството, туризмот и културата.

Далиан е стар град кој брои седум милиони жители и се наоѓа во најразвиениот дел од Кина. Очекувам да договориме конкретни работи кои во наредниот период ќе ги реализираме,  рече градоначалникот Петрески. 


Високата делегација ја сочинуваат Претседателот на конгресот и  Заменик генералниот секретар на конгресот на Далиан, Заменик генералниот директор на областа, Заменик генералниот директор на канцеларијата за надворешни работи на Далиан, Директорот на Здружението на кинескиот народ за пријателство  и Претседателот на Франхуа Групацијата.


Претходно на покана на локалните власти на кинескиот град Далиан, градоначалникот Александар Петрески присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Посетата на Далиан беше своевидна афирмација на Охрид како туристички центар и популаризирање на неговата туристичка понуда, културно-историското наследство и природно богатство пред бројни делегации на градските власти од разни земји.

OhridNews