Од Авто- мото сојузот на Македонија информираат дека во понеделник на 22-ри јуни 2015 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Пресека – Врбјани, поради изведување на градежни работи со минирање, во два наврати ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, првиот прекин ќе биде во период од 12 до 14 часот, а вториот прекин ќе биде од 15 до 17 часот. Прекините ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.
OhridNews