По повод 100-годишнината од раѓањето на пистелот Иван Точко, во понеделник со почеток во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“, ќе се одржи книжевно попладне посветено на охридскиот поет.
Осврт за писателот ќе даде Тоде Илиевски, а одбрани песни ќе интерпретира Александра Паунческа.
Иван Точко (Охрид, 9 јануари 1914 – Скопје, 12 ноември 1973) бил македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Еден е од основачите на Друштвото на писателите на Македонија.
OhridNews