Во Полска во тек е изградбата на најтесната зграда во светот. Таа се гради измеѓу два објекта во Варшава, а нејзините димензии се 120 сантиметри на местото каде е најширока и 71 сантиметар на најтесното место во зградата.

Зградата, односно “уметничката инсталација” е направена со цел да се пополни “процепот” измеѓу две згради со што би се подобрил естетскиот изглед на улицата, а е дизајнирана од страна на Јакуб Шченсни.

Нејзината изградба треба да биде завршена во Декември оваа година.