Од почетокот на рускиот напад на Украина во соседна Полска преминале 156 илјади украински бегалци. На границата се формирани долги колони, а на украинска страна од премините се чека и по 70 часа, соопшти денеска полската Гранична стража.
Од избувнувањето на војната 156 илјади бегалци пристигнаа во Полска. Ги прифаќаме сите оние кои бегаат од војната. Украинската страна е подготвена да прими помош за оние кои чекаат да ја преминат границата, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи и администрација Блажеј Побожи.
Портпаролот на Локалната полска гранична стража, Дариуш Шиниецки, изјави дека Полска на сите гранични премини овозможила премин на граничната контрола и пешки, освен на преминот Дорохуск каде што се чека најдолго за влез во Полска.
Полско-украинската граница е долга 535 километри и има шест патни и шест железнички гранични премини. Најмало задржување на бегалците од Украина е на два премини каде за тоа се тие чекаат 20 односно 24 часа.
УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина достигна 368 илјади
Женева, 27 февруари 2022 година (МИА) – Бројот на Украинци кои избегале во соседните земји од борбите во Украина од почетокот на руската инвазија се искачи на околу 368.000 и нивниот број „продолжува да расте“,соопшти денеска УНХЦР.
Тој број се заснова на податоците што ни ги дадоа националните власти, соопшти УНХЦР во пораката на Твитер. Претходно агенцијата на ОН објави дека во соседните земји има повеќе од 200.000 бегалци. УНХЦР објави дека бројот на луѓе кои бегаат од руската инвазија постојано се менува.
Брисел разгледува целосна забрана за летови на руски авиокомпании на ниво на ЕУ
Европската Унија ја разгледува можноста за целосна забрана за летови на руски авиокомпании на просторот на Унијата, како можен следен сет санкции против Русија.
Повеќе земји веќе поединечно донесоа такви одлуки, a мерката на ниво на ЕУ би можела да биде дел од новиот пакет санкции против Москва.
И Финска ќе се приклучи на голем број европски земји кои воведоа забрани за прелет и влез на руски авиони. Претходно тоа го сторија Бугарија, Чешка, Естонија, Германија и Полска, а тоа вчера го најави и Литванија.
Авионите во руска сопственост, вклучително и приватните летала, повеќе не можат да влезат во воздушниот простор на Белика Британија и на Ирска.
Русија возврати со идентични мерки.
OhridNews