Викендов кој доаѓа Таеквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид ќе учествува на Меѓународниот турнир „Гран при Зворник 2019“ во Босна и Херцеговина кој е сместен помеѓу најдобрите турнири од А класата.

  • Конкуренцијата ќе биде многу голема и квалитетна, но ние веруваме во нашите квалитети и очекуваме медали од повеќето натпреварувачи. Одиме во полн состав со 14 натпреварувачи и со големи мотиви за добро преставување на нашиот клуб. – изјави тренерот на екипата Марјанчо Лазаревски.

Овој турнир во БиХ и претходниот во словенскиот град Љубљана се своедна генерална проба за турнирот кој ќе се одржи на 22 јуни во Охрид во организацијата на клубот „Хва ранг ИТФ“.

OhridNews