Руската полиција пронашла околу половина тон кавијар во погребно возило кое било сопрено поради пребрзо возење на автопат на далечниот исток на Русија, соопштија денес локалните власти. Неименувано официјално лице на регионот Хабаровск во Русија изјави дека возилото било сопрено поради пребрзо возење на автопатот кон границата со Кина.

 

При контролата на погребното возило, полицијата открила кеси со кавијар под погребните венци, како и во мртовечкиот ковчег во кој немало посмртни останки. Производството на скапоцениот кавијар во Русија е строго ограничено поради страв од изумирање на јесетрата, риба од која истиот се добива.