Во рамките на заедничкиот проект за заштита на биодиверзитетот во езерата во Дримскиот басен поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ, денес и утре во Поградец се одржува Работен состанок за компонентата за заштита на важните видови на флора и фауна во езерата. Во рамките на Проектот веќе е изготвена листа на важни видови (вкупно 78 ) и на овој состанок целта ќе биде да се приоретизираат 5 до 10 најважни и загрозени видови во секое од езерата врз кои потоа ќе се вршии мониторинг согласно критериумите и директивите на ЕУ и согласно капацитетите на институциите.
– Овој процес е исклучително важен за состојбата на важните и ендемичните видови и во Охридското езеро и Преспанското езеро како уникатни вредности и бара посветеност на надлежните институции и од македонска страна.Секоја заштитена уникатна вредност ја зголемува вредноста на регионот, вели Дејан Пановски од Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро.
На состанок преставници од МЖСПП ќе презентираат за законските рамки и за новата стратегија за Биодиверзитет во РМ, а преставници на НВО секторот за нивната вклученост во истражувањата и моноторинг врз видовите.
OhridNews