Во недела во албанскиот град Поградец, охридскиот писател Мишо Јузмески ќе ја промовира својата книга „Сто години копнеж“, на покана од Македонското друштво „Преспа“.

За творештвото на авторот и ќе зборува охридскиот книжевник Тоде Илиевски, а преку својот осврт, м-р Лидија Размоска ќе го претстави делото на Јузмески.

На средбата се поканети учениците од курсот по македонски јазик, којшто е организиран од друштвото „Преспа“, како и други жители на градот Поградец, кои се заинтересирани за поблиско запознавање со македонскиот литературен јазик и македонската литература.

OhridNews