Надлежните органи во Белгија со повеќе детали околу уништувањето на доказите поврзани со нападите во Брисел и Париз, што се случи во подметнат пожар на крајот на месец август. Локалните медиуми пишуваат дека при подметнатиот пожар во Центарот за криминалистика и криминологија, ДНК примероците поврзани со терористичките напади во Париз и Брисел, биле целосно уништени. Уништени биле шест од вкупно 10 лаборатории во Центарот.
Правниците оценуваат дека уништувањето на доказите ќе го стави Судот пред тешки одлуки. Ако примероците беа делумно оштетени, Судот можеше да побара повторна анализа. Но, сега судиите треба да проценат дали да ги земат предвид податоците од веќе направените анализи.
Медиумите посочуваат, дека уништените ДНК примероци веќе биле тестирани и дигиталните копии од нив биле внесени во сервер, кој не се наоѓал во запалените простории. Меѓу материјалите се наоѓале докази за лицата кои се поврзани со нападот во Еврејскиот музеј во Брисел, како и докази за извршителите и соучесниците на нападите во Париз и Брисел во последните две години.
OhridNews