Тенисерката од Луксембург, Менди Минела, го привлече вниманието во текот на првиот натпреварувачки ден на 131. издание на официјалното светско првенство во тенис, Вимбoлдон.

31-годишната Минела, која се наоѓа на 78. место на АТП листата, настапи на најголемиот тениски турнир во светот иако се наоѓа во петтиот месец од бременоста.

Таа во понеделникот загуби од Италијанката Франческа Скијавоне, но ќе остане на терените на „Ол Ингланд клаб“ бидејќи заедно со Анастасија Севастова ќе настапи и во дубл.

Минела во 2014 година стапи во брак со својот тренер Тим Зомер. Тие двајца кон крајот на годината ќе станат родители.

„Макфакс“
OhridNews