Во петок, 9- ти октомври, во 20 часот во галерија Робевци ќе биде отворена изложба на фотографии Хераклеа од авторот Дражан Блажиќ. Изложбата „ Хераклеа“ настанала во 2013 година како плод на повеќегодишните истражувања на античкиот локалитет Хераклеа Линкестис кај Битола. Изложбата е составена од 31 фотографија и е презентирана во повеќе градови и држави.
Авторот на фотографиите, Дражан Брачиќ, е член на Фото сојуз на Македонија, Фото сојуз на Србија, Фото кино клуб Битола. До сега има учествувано на четриесетина групни меѓународни и домашни изложби, како и самостојни изложби. Од посебен значај е учеството на изложбата “Словенски карневали“ каде со фотографии е преставено културното наследство на Македонија и која изложба е отворена во седиштето на УНЕСЦО во Париз ‐ Франција, како и учеството во колекцијата на Македонија на биеналето во Индонезија,каде колекцијата доби диплома.
Преку 100 фотографии на авторот се објавени во книги, каталози, брошури, постери.
OhridNews