Со цел што почести непосредни контакти со граѓаните, градоначалникот Никола Бакрачески на 19- ти јуни, петок, ќе оствари средба со граѓаните на терасата од кафетеријата Летница, во периодот од 9 до 13 часот.
– Во неформална атмосфера, граѓаните ќе имаат можност да разговараат со градоначалникот, да ги изнесат своите гледишта за актуелностите во градот и да побараат активност на локалната самоуправа за надминување на одредени состојби, велат од локалната самоуправа.
OhridNews