Поради интервенција на водомерна инсталација во објект, на ден 29.11.2019 (петок) од 09:00 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во делови од градот.
Како што информира Водовод Охрид, прекин во водоснабдувањето ќе има на следните улици: дел од „Партизанска“ од Факултетот за туризам и угостителство до пресекот со улицата „Асном“ , дел од Кеј. „Македонија“ од Хотел Милениум до пресекот со улицата „Асном“ и делот од улицата „Асном“ од пресекот од Кеј „Македонија“ до кружниот тек кај Бул. „Туристичка”.
OhridNews