Охридската публика, на 13- ти март, петок, во Центарот за култура ќе може да ја проследи претставата „ На дното” во изведба на актерите од охридскиот Народен театар. Претставата е работена според текст на Максим Горки , а во режија на Кирил Петрески.
Улогите ги толкуваат: Стрезо Стаматовски, Јасмина Билаловиќ, Биљана Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодороски, Павел Маслов, Горан Стојаноски.
Сценографијата е на Зоран Николовски, а за костимографијата се погрижи Александар Џинго.
Почеток на претставата е во 20 часот, влез 100 денари.
OhridNews