Овој петок, 5 јуни, со работа официјално ќе почне новиот „Топ маркет“ на компанијата „Семафор Комерц – Р“, лоциран на улица „Партизанска“, во близина на Факултетот за туризам. Се работи за ексклузивен маркет, кој според најавите на менаџментот, ќе има ексклузивна понуда и фер цени.
Новиот, стилски и внимателно опремен „Топ маркет“, плени со амбиентот, хигиенските услови и исклучителната понуда. Во секој момент ќе има топли печива и топол леб, како и свежо спакувано месо, свежа морска риба исто така спакувана и голема понуда на замрзнато месо и риба. Од безбедносни причини рефус нема да има, за да се избегне директен контакт со храната и нејзина контаминација.
Во новиот „Топ маркет“ ќе има голем избор на вина и алкохолни пијалаци, разноврсна понуда на свежо овошје и зеленчук, детски играчки, храна за миленици…
На денот на отварање, на акција ќе биде дел од големата понуда и одбран асортиман на текстил. Вратите на новиот „Топ маркет“ се отвараат во 9 часот, а купувачите ги очекува топла атмосфера, педантен и љубезен персонал, по што се препознатливи маркетите на „Семафор Комерц – Р“.
OhridNews