Во петок од 20 часот, Културно-информативниот центар „Култура 365“  ги поканува љубителите на добрата фотографија, на свеченото отворање на фотографската изложба „Охрид во 36 слики“ од Мишо Јузмески.

Темите опфатени во уметничките композиции на охриѓанецот Јузмески се животот, традицијата, односно наследството.

Инаку, фотографската изложба „Охрид во 36 слики“, неодамна имаа можност да ја видат и битолчани.

OhridNews