Петтата епизода од втората сезона на театарската импровизација „Импровокација“ на репертоарот на Народниот театар Охрид е во петок (14 април 2017) година во подрумската сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во популарното шоу “Импровокација” и овој пат публиката ќе ужива во импровизациите на актерите Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура.
Специјалното Велигденско издание на Импровокација започнува во 20:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ.
Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава.Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е спонтана, забавна и смешна, но како сите други работи треба да се види и доживее за да се ужива во неа.
OhridNews