Во петок на 22-ри јули на репертоарот на охридскиот Народен театар повторно ќе биде театарската импровизација „Импровокација“. Играат актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Целта на „Импровокација“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што повеќе до пошироката публика, независно од возраста.

Почеток на претставата е во 21:30 часот. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. Препорачана возраст e +15.

OhridNews