Во организација на Националната   установа   Центар   за  култура „ Григор Прличев” на 25- ти септември по 27- ми пат ќе се одржат „ Охридските староградски средби“, манифестација што ги афирмира вредностите на староградскиот мелос и ги обновува старите добри градски музички традиции.

–  Фестивалот ќе зпочне во 19 часот со дефиле на ансамблите низ старата чаршија и настап на две локации: Градски плоштад и Стар чинар, а свечено ќе биде отворен во 20 часот. Годинава ќе настапат 14 музички групи од повеќе градови од земјава, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.

На најновото издание на фестивалот, ќе настапат: градскиот хор НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, Македониум – Младински хор – Крушево, пеачка група Сирма Војвода – Битола, КУД Далги пеачка група З.П. Охрид и Дебрца, Дом на култура „Лазар Софијанов“- Кратово, КУД Пензионери З.П. – Прилеп, Староградски ансамбл – Лубе Кумбароски – Струга, Распеани Гевгеличани – Гевгелија, Пеачка група Весела Тајфа – Богданци, Охридски Мерак – Охрид, Вис орнаменти – НУ Центар за култура – Штип, Распеани Струмичани – НУЦК Струмица, НУЦК „ Марко Цепенков“ Октет – Прилеп, Чалгиска музика за мерак – Ацо Тасески.

Охридските староградски средби ќе се одржат во големата сала на Центарот за култура. Влезот е слободен.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews