Во петок 11 јули, со почеток во 20 часот, во галеријата од Куќата на Робевци, Музеј, Охрид ќе биде отворена изложба на словенечката уметничка Тина Дрчар, насловена „Со глава низ ѕид“.
Дрчар се занимава со графити и графитно сликарство, ѕидно сликарство и фасадна уметност. Дипломирала на Високата школа за цртање и сликање во Љубљана. Работи и на давање естетска вредност на столици, столни ламби направени од рециклиран материјал и слични предмети. Импресионирана е од етнички мотиви, моделите воопшто, создава длабочина преку визуелни акценти, контраст на боја и интензитет, а со користење контури на сликите, ги збогатува делата со информации.
OhridNews