Предворје на црква Св. Софија
Од 23.08.2024 - 20:30 до 24.08.2024 - 20:30
Второто издание на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржи во петок и сабота во организација на Општина Охрид.
Во рамки на програмата во петок, 23-ти август, ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а во сабота, 24-ти август, предвиден е настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас.
Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот.
Општина Охрид втора година со ред го организира Фестивалот со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации.
OhridNews