Во петок, 27-ми септември, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи 31-то издание на манифестацијата Староградски средби.
Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос, вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Почеток во 20 часот. Влезот е слободен. Фестивалот е во организација на НУ Центар за култура Охрид, со поддршка на министерството за култура.