ЈП „Охридски Kомуналец” во петок, 20 септември, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.8 Билјанини Извори.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20.09.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.

Кабастиот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews