Советот на општина Охрид во петок ќе ја одржи 58-та седница. На дневен ќе се најдат повеќе нацрт верзии на Детални урбанистички планови кои се однесуваат на урбаните единици 8, 2 и 3.

На седницата ќе биде разгледана и предлог одлуката за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за 2008 год.

Советниците ќе расправаат и по предлог одлуката за измени и дополнување на  Буџетот на општина Охрид за 2008 год и предлог одлуката за усвојување на Извештајот за извршување на  Буџетот на општина Охрид за  трет  квартал за буџетска 2008 год.

На дневен ред на 58-та седница ќе се најдат уште и предлог одлуките за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште  за трет квартал за  2008 год,  за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување и изградба на јавно осветлување  за  трет квартал за  2008 год,  за  усвојување  на Годишната програма  за згрижување и воспитно-образовна  работа на јавната општинска установа за деца –детска градинка „Јасна  Ристеска“ Охрид за учебната 2008/2009 год,  за давање согласност (одобрување) на Проекти  и за измена на одлуката за комунален ред.

Ohridnews