Во петок ќе се одбележат 150 години од раѓaњето на Кирил Прличев со културна програма во организација на Општина Охрид и НУ Завод и Музеј Охрид.

Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот на книжевноста и е важен дел од македонската култура. Да продолжиме да го чуваме неговиот спомен и достојно да го чествуваме неговото име!, велат од Општина Охрид.

Настанот ќе се одржи во Спомен куќа на Христо Узунов со почеток во 12:30 часот.

OhridNews