Во пештерата „Lechuguilla“, чии подземни тунели се протегаат под националниот парк „Carlsbad Caverns“ во Ново Мексико, наичниците откриле вистинско царство на бактерии отпорни на многу антибиотици.


Хрватскиот портал „Index“ повикувајќи се на „Los Angeles Times“, пренесува дека сите од 93 видови бактерии кои биле пронајдени во пештерата биле отпорни барем на еден антибиотик. Некои од нив биле отпорни на повеќе од половина од 26-те тестирани антибиотици. Според научниците, отпорноста се должи на бројните минерали со кои се хранат бактериите во ова 4 милиони години недопрено подземје.

Ова откритие само ги потврдува тезите на стручњаците дека со текот на годините се поголем број бактерии ќе станат отпорни на антибиотици.

OhridNews