Во една од најскриените пештери со сталактити, спелеолог од Израел пронајдено е скриено богатство старо повеќе од 2000 години. Станува збор за сребрени монети од времето на Александар Македонски. Тој тоа подрачје го освоил околи 400 години пред нашата ера. На една страна од монетата е слика на Александар, додела на другата страна е слика на богот Зевс кој седи на престолот. Со парите ссокриен бил и сребрен накит, прстени, нараквици и обетки.

 

Елтан Клеин, директор на израелската канцеларија за заштита на антиквитети, рекол дека богатството можеби го сокриле локалните жители кои побегнале после судирите по смртта на Александар. Среброто веројатно било закопано во очекување на некои подобри времиња. Елтан се надева дека во пештерата, која детално се испитува, ќе пронајде уште вредни предмети. Неодамна, исто така во Израел, но под море, пронајдена биле 2000 злати монети стари околу 1000 години.