Илјада години стар комплекс кој вклучува и масовна гробница со човечки жртви бил пронајден во северозападен перу. Комплексот бил откриен во близина на градот Чиклајо, и додал доза стварност за легендата за Најламп, божество кое било започнато од цивилизацијата Ламбајеке, која била претходник на Инките.
Припадниците на софистицираната култура Ламбајеке, позната и како Сичан, биле познати како мајстори на иригацијата, се додека Чиму, народ кој живеел во северот на Перу не ги покорил во 1375 година. Новооткриениот храм е пирамидална гробница, а била исполнета со скелети на 33 жени. Судејќи според трагите, многу е веројатно дека тие биле мачени како дел од некој жртвен ритуал.