Дали е можно да се постигне ерекција со помош на зрна грав? Хрватските лекари го спасиле човекот кој бил уверен дека е тоа возможно.

Во загребската болница „Милосрдни сестри“ од половиот орган, односно од мочниот канал на 30-годишен маж лекарите извадиле 16 зрна грав. Човекот со помош на зрната грав се обидел да постигне ерекција, а како што тврдат уролозите, во тоа и успеал. Меѓутоа кога се појавиле проблеми со мокрењето, несреќниот човек морал да побара лекарска помош. За отстранувањето на зрната грав, за среќа не бил потребен оперативен зафат. Во амбулантата гравот бил отстранет со помош на ендоскопски помагала.

Докторите велат дека ова не е осамен пример. Луѓето кои при мастурбација користат разни помагала не ретко завршуваат на операционата маса.

ohridnews