Во Пекинг го отвориле првиот супермаркет на љубовта. На полиците не може да се најде брашно, масло , шеќер или прашок. Тие се пополнети со податоци на можни “сродни души“.
Откако ќе одберете кој највеќе ви одговара по височина, бојата на очите, годините или платата, одите на благајната. Трговците за вас ја повикуваат одбраната личност. Услугата како и во секоја друга продавница ја плаќате на благајната. Трговците не објасниле дали можеме да го вратиме назад “производот“ ако не ни одговара.