Во Основното училиште „Живко Чинго“ во село Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце.
Во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција во образованието и компонентата за градење на капацитети, се овозможува зајакнување на припадниците на училишното раководство и наставниците преку различни обуки во тесна соработка и партнерство со други образовните институции. Училиштата формираа партнерства кои што им овозможија да организираат заеднички активности и да создадат услови учениците да развиваат нови идеи и иницијативи за зајакнување на меѓуетничката соработка. Целта е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки.
Проектот за меѓуетничка интеграција е поддржан од општина Охрид, преку активно вклучување на основните и средните училишта во неговата реализација.
Инаку двете училишта претходно реализираа заеднички активности во ОУ „Фаик Коница“ во село Доброште, каде на работилниците и активностите кои ги реализираа учениците, присуствуваше и делегација на општина Охрид.
OhridNews