Во Основното училиште „ Григор Прличев“ , утре, (среда), со почеток во 10 часот, ќе се одржи презентација на проектот „ Со мултимедијална едукација до здрави животни стилови“ . Проектот кој се реализира под мотото „ Заедно до среќно и безбедно детство“ , ќе го презентира координаторот Миле Гиноски, советник во Министерството за образование и наука.

На презентацијата ќе учествуваат ученици од четврто одделение и претставници на Советот на родители од ОУ „Григор Прличев“, директорите на основните училишта од Охрид, комисијата за општествени дејности и службите на Локалната самоуправа.

OhridNews