Селекторот Мирсад Јонуз беше главната фаца на првиот тренинг на македонската фудбалска репрезентација. Охридските љубители на фудбалот кои се појавија на стадионот на “Билјанини“ извори се распрашуваа за Горан Пандев.


Неколку родители рака за рака доѓаа со своите деца во желба да ги фотографираат своите потомоци со моментално најдобриот македонски фудбалер. Но Пандев, го немаше на првиот тренинг па неговото место го превзеде селекторот Јонуз.

Пандев кој имаше успешна сезона во Лацио денес ќе пристигне во Охрид, и ќе биде пристутен на попладневниот тренинг на репрезентацијата.

М.П.