Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици. Традицијата е мошне силна во Охрид. Во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го фрлалаа светиот крст во Езерото. Од 1990 година Водици се празнуваат масовно и свечено на градското пристаниште во Охрид, каде стотици млади скокаат по светиот крст. Тајфата на „фаќачот“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со многуилјадниот народ.

По една година пауза ради пандемијата од Ковид 19, празникот повторно ќе се одбележи со водосвет кај градското пристаниште од каде чесниот крст ќе биде положен во езерските води.

OhridNews