Православните христијани на 19-ти јануари го одбележуваат големиот верски празник Богојавление – Водици. Традицијата е мошне силна во Охрид. Во поранешниот систем, охриѓани скришум в зори го фрлалаа светиот крст во Езерото. Од 1990 година Водици се празнуваат масовно и свечено на градското пристаниште во Охрид, каде стотици млади скокаат по светиот крст. Тајфата на „фаќачот“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со многуилјадниот народ.
Поради пандемијата од Ковид 19, оваа година нема да има организирано одбележување на празникот Водици на градското пристаниште во Охрид. Празникот ќе се одбележи духовно со утрински богослужби во црквите. Дебарско – кичевската епархија и Општина Охрид апелираат на почитување на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19.
OhridNews