16.07 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишен жител на

Охрид. Тој, на 29.03.2020 година, во 18.25 часот е затекнат на булеварот „Железничка“ во Охрид, без дозвола за движење издадена од надлежен орган. Со тоа, пријавениот ја прекршил Одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на население за време на викенд во период од 16 -05 часот.  – информира СВР Охрид.

Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 07.04 до 07.00 часот на 08.04.2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, соопшти полицијата.

  • Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На 07.04.2020 година во 23.30 часот, од киоск лоциран во дебарското село Могорче, извршена е тешка кражба и одземени се седум штеки цигари. Истите, при извршен увид се пронајдени во близина на објектот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Освен ова, не се регистрирани други кривични дела, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар и извршени се 237 контроли врз овие лица (Охрид-3, Струга-170, Кичево-3 и Дебар-61).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 326, Струга- 301) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Од нив, три лица се нови сместени во карантин во изминативе 24 часа (Охрид-2, Струга-1). Полициските службеници извршија 70 контроли на угостителски објекти.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (7/8.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење. Приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

OhridNews