Од локалната самоуправа на општина Дебрца информираат дека надлежните служби успешно се справиле со временските неприлики кои викендов го зафатија регионот.
– Снегот се чистеше постојано со што не се дозволи да бидат отсечени селата.Беше ангажирана целокупната механизација и човечки ресурси, а состојбата будно ја следеше и градоначалникот Игор Трајкоски. Во општината наврнаа од 20 до 30 сантиметри снег. Проблем е единствено што делови од Дебрца сеуште се без снабдување со електрична енергија,информираат од општина Дебрца.
Во однос на поплавите оттаму наведуваат дека состојбата се следи постојано и дека засега нема опасност од излевање на речните корита.
OhridNews